Познатиот македонски тенор, Благој Нацоски, вечерва се соочува со здравствен предизвик, но и покрај тоа, како што самиот објави, со неизмерна посветеност ќе настапи во Македонската Национална Опера и Балет. Во пресрет на изведбата на „Травијата“, тој сподели искрена порака до својата публика, откривајќи дека ќе пее под неидеални услови поради здравствени проблеми.
-Драги мои, оваа вечер морам да се соочам со една невообичаена ситуација. Поради интестинален вирус, ќе бидам принуден да ја пеам „Травијата“ во Македонската Национална Опера и Балет под не баш идеални услови. Во моментов примам витаминска инфузија за да се обидат да ми ја дадат потребната енергија, но сакам да ве уверам: нема место за грижа, музиката ќе продолжи да тече со целото мое срце! Однапред и’ се извинувам на мојата сакана публика доколку мојот настап нема да биде на 100% од моите сили, но ви ветувам дека сепак ќе дадам се’ за да ви понудам незаборавно искуство.
Ви благодарам за разбирањето и континуираната поддршка!