Шпанската полиција и ФБИ трагаат по Србинката Ана Кнежевиќ (40), која исто така има и американско државјанство. Девојката мистериозно исчезна на 2 февруари 2024 година во Мадрид.
Според пријателите, по разводот од сопругот, Ана решила да отпатува во Мадрид на неколку месеци за да се извлече од стресниот живот. Таа отпатувала во Шпанија во декември 2023 година, изнајмила стан во центарот на градот и планирала да остане во Шпанија неколку месеци.
Испратила пораки до пријателка и сестра си
Меѓутоа, на 2 февруари и се губи секаква трага. Последен пат била видена околу 22 часот во станот што го изнајмила.
Таа вечер ѝ рекла на својата најдобра пријателка Сана Ромео, која живее во Њујорк, дека ќе остане дома бидејќи надвор е студено. Испратила порака и до својата сестра која живее во Србија и ѝ кажала дека е добро.
Меѓутоа, следното утро Сана добила чудна порака од бројот на Ана. Во пораката пишувало дека сретнала маж на улица и дека со него оди во викендица на два часа од Мадрид. Сана се обидела да одговори на нејзината порака, но пораките кон Ана престанале да стигнуваат. Телефонот бил исклучен.
Загрижената Сана ѝ се јавила на сестрата на Ана и на некои други заеднички пријатели, но сите рекле дека не се слушнале со неа.
– И испратив одговор каде јасно и кажав дека сум загрижена. Ја прашав што ми кажува… Но моите пораки не стигнаа до неа – изјавила Сана.
Убедена дека некој ја киднапирал
Најдобрата пријателка на Ана е убедена дека некој ја киднапирал.
Сана раскажува дека соседите од зградата на Ана рекле дека виделе сомнителен маж со кацига, а овој човек ја чепкал безбедносната камера на зградата и во лифтот на зградата во која живеела Ана.
Тие наведувааат дека камерите ги испрскал со црн спреј, а се верува дека упаднал во станот на Ана и ја киднапирал.
Бидејќи Ана сè уште не одговорила, Сана на 4 февруари се јавила во шпанската полиција и ја замолила да отидат и да проверат дали е се во ред со нејзината пријателка.
Полицијата отишла во станот, но не ја нашла Ана. Станот наводно бил заклучен однадвор и немало знаци дека некој се обидел да упадне. Во станот нашле и пасош, лаптоп и други лични работи на Ана.
Потрагата започнала веднаш
Веднаш била започната потрага по неа. Полицијата ги разгледува снимките од безбедносните камери, сослушувала наводни сведоци и ги следи транскриптите на телефонот и тековната сметка на Ана.
Во истрагата се вклучи и ФБИ, а шпанската полиција е во постојан контакт со американската амбасада.
И нејзината другарка Сана на 6 февруари отпатува за Мадрид да ја бара Ана.
Семејството на Ана и многуте пријатели бараат секој кој има каква било информација да ја информира полицијата.