Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва во скопската населба Кисела Вода, во непосредна близина на стадионот „Цементарница“.

Според првичните информации возило марка „БМВ“ кое се движело со неприлагодена брзина изгубило контрола и се забило во метален столб.

Екипи на противпожарната бригада во координација со службата на итна медицинска помош во моментов интервенираат за спасување на возачот кој е заглавен во возилото.

Повеќе информации од полицијата се очекуваат во текот на утрешниот ден.