СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

БОГ ДА ЈА ПРОСТИ: Даниела Николова е жената коај утрово загина во Дојран

Познат е идентитетот на жената која утрово загина во пожар во куќа во стар Дојран.

Станува збор за Даниела Николова, родена 1979 година. Дојранчани се простуваат со неа на социјалните мрежи. Велат дека сите си ја познавале како ДАДА. „Беше вредна, насмеана, отворена. Почивај во мир Даниела!“, пишуваат тие.

На фејсбук-страницата на „Гевгелија Нет“ предмалку беше споделена и една вознемирувачка порака.

„Остануваат немирите на оние кои ги слушале твоите крикови утринава кога избил пожарот, а одбрале без никаква интервенција да останат само сведоци на трагичниот настан на ул. “Маршал Тито” во центарот на Стар Дојран“, пишува во објавата.

Според официјалното соопштение на МВР, на 06.08.2022 во 07.20 часот во СВР струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата Маршал Тито во Стар Дојран. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.