Македонија игра одлично на овој светски шампионат, а нашите ракометни репрезентативци заедно со стручниот штаб ќе добијат и извонредна премија за настапот во Вараждин.
Раководството на Ракометната Федерација на Македонија најави премија од по еден милион денари за секоја мундијалска победа, по што истата премија ја најави и Премиерот Христијан Мицковски, за мотив плус на избраниците на Лазаров пред битките на овој мундијал.
За двете победи над Гвинеја и Катар, нашата експедиција ќе добие вкупно четири милиони денари, апсолутно заслужено за начинот на кои ги бранеа боите на држата и донесоа радост на сите фанови во нашата држава.