Бојан Јовановски-Боки 13, осуден во случајот „Рекет“, тврди дека се обиделе да го убијат додека бил во притвор во затворот во Шутка. Тој посочува дека ниту една болница не го хоспитализирала, додека тој имал огромни болки. Според тоа што тој го раскажува, налогот за негова нехоспитализација имало од тогашниот министер за здравство, Венко Филипче. Потоа, додава дека за неколку дена бил хоспитализиран во болницата „Св. Наум Охридски“, а докторот од него извадил куп гној.
Во август 2020 година, ме однесоа од затворот во Шутка на Државна клиника со огромни болки. Замислете, директорката на таа Клиника, мораше да се јави на мандатниот министер, Венко Филипче да побара дозвола за моја хоспиталзиација. Никој не сакаше да ме хиспитализира, да ми пружи соодветна медицинска нега. По налог на оној од Муртино и Филипче, од 8-ми септември, бев избркан како куче. Во топлиов ден, бев 4 саати држен во затворско комбе, со лисици на раце, без да можам ни вода да се напијам, во најнехумани услови, со огромни болки“, вели Бојан Јовановски-Боки 13.
Според него, се чекало дозвола од Филипче да биде хоспитализиран.
„Со болки, измалтретиран, ме вратија во затвор. Откако се случи тоа ми дадоа некакви медикаменти во затвор да се напијам. На 8 септември 2020 година, како последица на претходницава, за тој монструозен чин на Венко Филипче, Зоран Заев и таа нивна Вилма Русковска која викаше ‘ништо не му е, повраќа, па што’… Како последица на овој чин со бркање од болница, се случи тоа што на 8 септември имам итна операција и благодарение на специјалист Божин Ефтимов, кој сега е во пензија. Ми го спаси животот, ми извади куп гној… Ќе доживеев 100 отсто смрт, бев во состојба пред сепса. Венко Филипче е убиец, ова што го опишувам е обид за убиство“, додава Бојан Јовановски-Боки 13.
Тој посочува дека на 8-ми септември го слави вториот роденден.