Антонио Јанковски, готвачот кој се прослави со своите кулинарски вештини во шоу на Канал 5 телевизија, води битка со ракот, а сега повторно бара помош од граѓаните.
Јанковски се огласи на социјалните мрежи. Потребни му се средства за лекување, а дел од неговото обраќање ви пренесуваме во продолжение.
„Анализите покажаа една неуспешност од досегашниот третман кој веќе трае предолго и сам по себе напорен и опширен со толку многу боцкања, таблети, серија инфузии и куп шприцеви со медикаменти. Јас не знам како ќе ги обезбедам подобрите нешта и опции, со толку малку време кое можам да го употребам пред да доживеам комплетно атрофирање на дробот и тогаш да биде недостижно и многу поскапо од сега. Следат три месеци кои одат под здравствен фонд, чинат богатство да се среди штетата која секојдневно станува сè поголема.. Терапијата под фондот е нискобуџетна и слаба, недоволна за реална помош, а јас немам приход за повеќе, ниту можам да работам. Па би замолил ако има добронамерници кои сакаат и можат да ми помогнат со финансии да соберам буџет барем за првиот месец, а се’ заедно чини 2.000 евра. Ве молам за малку помош и подадена рака“, напиша тој на „Фејсбук“.
За оние кои сакаат да помогнат, бројот на сметката е: 200004050431223
Антонио пред неколку години проговори за ракот и за својата тешка животна приказна. Тогаш кажа дека по разделбата со сопругата, забележал израсток на телото, а подоцна ја добил страшната дијагноза.
„Кога ќе одиш да си ги земеш резултатите и ќе ти го отворат пликото не треба да ти кажат ништо, оти кога ќе му го видиш изразот на лицето на докторот, не мораш да читаш резултати“, изјави тој во едно постаро интервју.