Со најдлабока жал соопштуваме дека нашата колешка, Соња Дојчиновска Гроздановска, прерано го напушти овој свет. Изгубивме една неизмерно весела личност, посветена професорка – жена која со своите дела беше пример за оптимизам, ентузијазам, хуманост. . .
Искрено сочувство за семејството и сите нејзини блиски. Нашиот колектив нема да биде ист без тебе! Светол пат и вечен спомен, драга наша Соња 🖤
Од управата и колективот на СМУГС “Др Панче Караѓозов”.
Учениците и колегите професори коментираат дека професорката била една од најдрагите и најсаканите:
– Вчера цел ден се договаравме Соња што ќе правиме со она што не чека со учениците, почивај во мир драга Сонња, ќе фалиш секое утринско кафе, нека ти е светол патот кон царството небесно…
– Почивај во мир Соња! Прекрасна личност -жена , пријател и професор. Нека ти е светол патот до вечноста. Сочувство до семејството.
– Многу жално… Нека почива во мир… Беше прекрасна личност… Сочувство до семејството и до сите кои ја сакаа…
– Почивај во мир Соња!Секогаш ќе те помнам како прекрасна личност и многу драга колешка!Нека ти е светол патот😥😥😥Сочуство до семејството.
– Сочувство до семејството💔а за нас учениците изгубивме прекрасна професорка а пред се жена со преголемо срце😭Нека почива во мир🕊!
– Прекрасен професор, големина од човек, ќе имате посебно место во сеќавањата на секој ваш ученик… Нека ви е светол патот кон ангелите
– Почивај во мир драга Соња, прекрасен ангел. Големо неверување, голема загуба за се што знаеме. Искрено и длабоко сочувство до семејството
– Почивај во мир наша најдрага професорке, никогаш нема да бр заборавиме и премногу ќе ни недостасувате…