Тајниот луксузен имот на рускиот претседател се наоѓа на езерото Ладога, на 30 километри од Финска. Кога Владимир Путин сака да се опушти од претседателските обврски, оди на одмор на само неколку километри на границата на НАТО.
Новата снимка од дрон за прв пат го открива тајниот луксузен имот на моќникот на Кремљ, кој се наоѓа на 30 километри од финската граница на идиличното езеро Ладога.
Рајот на Путин е на идилично место, во шумска област во заливот Маријалахти во Карелија во северозападна Русија, која граничи со скандинавската земја, пишува германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на информации од еден од неговите најпознати непријатели.
Имотот на Путин има, меѓу другото, два хелиодроми и приватен водопад, како што откри агенцијата што ја води неговиот руски непријател, прогонетиот олигарх Михаил Ходорковски.
Станува збор за истражната агенција „Досие центар“, која исто така постави видео на Јутјуб на кое се гледа скриената палата на рускиот претседател лоцирана на границата на северноатлантската алијанса.
„Се наоѓа на брегот на езерото Лагонда, дел од национален парк“, како што истакнуваат агенцијата „Бизнис инсајдер“ и весникот „Билд“ .
Тајната палата на Путин е заштитена со огради, кои се надгледуваат со електронски сензори под будното око на специјалните безбедносни единици.
Ознаките на теренот кои се видливи укажуваат дека е оклопен со напредни системи за противвоздушна одбрана.
Според извештајот на руската агенција, повикувајќи се на сведоштва на локалното население, Владимир Путин еднаш годишно ја посетува својата досега тајна вила на границата на НАТО, откако прво отишол во блискиот манастир „Балаам“.