Министерот за спорт, Борко Ристовски експресно реагираше по скандалозниот натпревар во Купот на Македонија во женска конкуренција помеѓу Скопје и Гевгелија во кој во неверување двата тима постигнуваа голови во сопствената мрежа и намерно промашуваа обиди кон противничкиот гол.

Ристовски најави дека веќе во понеделник на двата клуба ќе им биде одземена лиценцата.

„Ги погледнав снимките и веќе в понеделник на клубовите ќе им биде одземена лиценцата за дејност спорт и не ќе можат да се натпреваруваат во домашниот шампионат. Ваков тим на немили настани и грубо кршење на спортските правила, треба еднаш да ги ставиме под контрола“, изјави Ристовски.