Поранешната учесничка на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, Дада Мешаљиќ, по турбулентниот период и разводот со Јасмин Мумиќ, е активна на социјалните мрежи и секојдневно комуницира со своите следбеници.

Таа е во поодмината бременост и чека девојче, а сега на својот Инстаграм профил откри какво име ќе ѝ даде на својата ќерка.

– Како ќе се вика бебето? – беше прашањето на еден следбеник, по што накратко одговори пејачката.

– Мерјем, напиша Мешаљиќ со емотикон од срце.

Каде ти е сопругот? Прашајте ја Мелиха!

Откако во јавноста се појави видеото од ноќното излегување на нејзиниот поранешен сопруг Јасмин Мумиќ и познатата учесничка во „Ѕвездите на Гранд“ Мелиха Имшировиќ, низ босанските и српските медиуми се прошири информација дека Мумиќ веќе ја заборавил Дада и дека е во врска со младата пејачка од Градачац.

Така обожавателите на Инстаграм ја прашаа Дада „Каде е твојот сопруг?“, по што следуваше брутален одговор.

– Јавете и се на Мелиха Имшировиќ, таа ги има тие информации – одговори Дада.

Нејзиниот одговор наиде на голем број позитивни реакции.

Да потсетиме, Мумиќ претходно му се доверил на пријател и рекол дека тој и Дада раскинале, а коментирајќи го видеото рекол дека „може да се дружи со секого“ и „дека не мора да значи дека тука има нешто“.

Дада рече дека сето тоа негативно влијае на неа и на бебето.

Мелиха не е причина за нашата разделба

– Во врска со новонастанатата ситуација, сакам да ве информирам дека јас и Мелиха Имшировиќ не сме заедно. Многу е грдо од поединци да ја навредуваат девојка и да ја нарекуваат со погрди имиња, а некои дури и го одобруваат тоа, а исто така знаат дека тоа не е вистина. Дада Мешаљиќ, мојата поранешна сопруга и јас одамна не сме заедно. Така што истата Мелиха Имшировиќ не е причина за нашата разделба. Мислам дека е многу грдо вака да се навредува девојка, затоа што не го заслужила тоа – напиша Мумиќ.