Откако ја скрши ногата во Загребската Арена, Лепа Брена доби отштета од осигурување. Сите се уште зборуваат за тешката повреда на Лепа Брена на третиот концерт во Загреб кон крајот на минатата година.

Брена ја скрши ногата, по што заврши на операција, но не мораше многу да се грижи за опоравувањето бидејќи беше добро осигурана.

Имено, пејачката има осигурителна полиса која ја штити од повреди во работното време, во нејзиниот случај за време на концерти и настапи.

Изворот за српските портали раскажал и колкава отштета добила.

„Брена многу се грижи за своето здравје, живот и околностите кои можат да доведат до повреди. Свесна е дека на работа се случуваат повреди и затоа со години плаќа осигурување. Ми се чини дека плаќа сума од 1.000 евра годишно и дека добила 30.000 евра за тешка повреда што и се случи неодамна. Со ова ги платила сите потребни трошоци за операција, лекови и рехабилитација“, изјавил изворот.