Во судир на раскрсница во Бања Лука загина полицаецот Миодраг Савиќ (27), а повредени се двајца полицајци и возач на друг автомобил, соопшти Окружното јавно обвинителство Бања Лука.

Полицајците биле во возилото на Министерството за внатрешни работи на Република Српска „Шкода Октавиja“ додека извршувале работни задачи.

Сообраќајната несреќа во која учествувал и автомобил „голф“ се случила на крстосницата улицата „Кнез Милош“ и булеварот „Милутин Миланковиќ“ околу 01:40 часот.

Полициското возило го управувал полицаецот Александар Вуковиќ (31), а во него биле и загионатиот Савиќ како сопатник и Растко Црљиќ (21), додека зад воланот на голфот бил Марко Вујмиловиќ (24) од Лакташи.

– Како што дознава Мондо, полицајците бркале неодговорен возач кој поминал на црвено светло, а од другата страна наишол „голф“ кој удрил во службено полициско возило кое се движело со голема брзина, објавија медиумите.

На повредените им била укажана помош во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска.

Истрагата ја водела дежурната обвинителка на Окружното јавно обвинителство Бањалука, Хана Врањешевиќ, заедно со припадници на полициската станица за безбедност во сообраќајот Бањалука.

Обвинителот нареди да се преземат сите неопходни мерки и дејствија за утврдување на околностите на сообраќајната незгода. На телото на жртвата е наредена обдукција, која ќе се изврши во Институтот за судска медицина на Република Српска, јавува агенцијата Срна.