Истрага беше покрената во градинка во 15-тиот арондисман во Париз, откако камерите фатија воспитувачка како тепа тригодишно дете.
Видеото од грозоморното насилство заврши на мрежите, а директорката на градинката Николас Белубе побара воспитувачката веднаш да биде суспендирана.
Францускиот „Фигаро“ пренесува дека родителите на детето кое беше брутално претепано поднеле тужба против воспитувачката, откако дознале дека нивната тригодишна ќерка претрпела насилство.
На видеото се гледа како таа со сета сила го удира детето, кое од силината на ударот паѓа на подот. Детето неконтролирано плаче, додека другите деца збунето ја гледаат целата сцена, немоќни да му помогнат на детето.
По ударите, воспитувачката го испраќа детето во ќош, а потоа ѝ прска течност од непознато потекло на лицето и ѝ вели: „Еве, добро си сега?“
Наводно, видеото го снимила мајката на едно од децата од групата на 3 септември. Таа веднаш по снимањето на грозоморните сцени на насилство отишла кај родителите на претепаното девојче и им покажала се.
Мајката вели дека детето добило медицинска и психолошка помош, а детето претрпело траума, дека веќе никого не гледа во очи и дека одбива да зборува за воспитувачката во градинка.
За кратко време видеото собра повеќе од 300.000 прегледи на мрежите.
Une Maîtresse violente une petite fille de petite section et lui asperge un liquide sur la tête dans une école du 15 ème arrondissement de Paris. Une plainte a été déposée. En tant qu’avocate je mènerai ce combat main dans la main avec la famille, en tant que maman mon cœur… pic.twitter.com/5LQ6O6XP5f
— Vanessa EDBERG (@EdbergVanessa) September 9, 2024