Јавниот обвинител Гаврил Бубевски во текот на денешната прес-конференција изјави дека фризерот од Велес бил убиен за долг од 500 евра кој му ги должел на Љупчо Палевски. Телото било пронајдено во околина на Велес.

Другата жртва, возрасното машко лице од Велес, кое немало никаква врска со малолетничката, но поради нерачстичени односи со еден од осомничените, неговото возило е одземено и употребено за извршување на кривичното дело, за потоа да биде опожарено.

Со тоа возило е земена малолетничката во влезот од зградата во живеалиштето, откако претходно, според исказите на осомничнети, таткото споделил информации со осомничениот за излегувањето на малолетничката од дома.

– Главен организиратор и извршител кој со пиштол на 27.11 некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите до кои можела да дојде полицијата, на веќе започнатата исграга за тоа сторено кривично дело, изјави Оливер Спасовски.