Уште нестартуван натпреварот меѓу Шкупи и Левски на арената „Тодор Проески“ во Скопје, веднаш инциденти околу најголемиот македонски стадион, пренесува Екипа.
Навивачите на Левски уште со самото влегување на стадионот почнаа со навредливи слогани и извици со провокации кон дел од навивачите на македонската екипа кои пристигнуваа на стадионот, поради што мораше да интервенира и полицијата.
„Уби, уби Шиптара… Ова е Бугарија… Цигани…“ – се дел од навредливите слогани упатени кон играчите на Шкупи кои во моментов се загреваат во очекување на натпреварот.
Претходно, во изјава за телевизија Сител, бугарските навивачи провоцираа и испратија навреди: