Навивачите на Левски имаа навредливи пароли за македонскиот народ и најголемиот празник Илинден, и скандираа на натпреварот против Шкупи од второто квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига.

Навивачите на Левски постојано пееја дека „Илинден за Бугарите е Велигден“.

Имаше и други транспаренти на трибината кај најверните фанови на клубот. „Илинден мајко Илинден, за Бугарите Велигден“, стоеше испишано на голем транспарент.

„Ако некој каже дека не сум Македонец ќе му го откинам јазикот, а ако каже дека не сум Бугарин ќе му ја откинам главата“, стоеше на еден од транспарентите.