Сите жртви во страшната несреќа биле на средната врата од автобусот и се обидувале да побегнат. Ниеден патник не бил на своето седиште, јавува за ТВ21 новинарката Патриција Кирова од Бугарија. Таа зборуваше и за неофицијалните причини кои според надлежните и локалните медиуми ја предизвикале катастрофата. Пожарот избувнал во предниот дел, каде според бугарската полиција имало и буриња нафта во близина на резервните гуми.
-Патот беше полн со нафта“, рече тој. Автобусот се движел со 100 километри на час и немало знаци за сопирање. Несреќата се случила како резултат на човечка грешка, изјави Васко Пиргов – секретар за безбедност на Перник.
„Според првичните информации на бугарските медиуми во автобусот имало гориво кое било купено во Турција каде е поевтин отколку во Македонија и Бугарија. Пожарот избувнал од ова гориво и ова е една од причините за катастрофата. Циркулираат информации дека автобусот кога излегол од заштитната ограда возел 50 метри без да застане. Нема знаци за сопирање, што значи дека изгубил контрола над возилото. Кога влегол во банкината настанал пожар, а бучавата во автобусот ја предизвикала горење на 45 лица кои се собрале на една од автобуските врати“, изјави за ТВ21 новинарката Патриција Кирова.
7-те лица кои успеале да преживеат, успеале да побегнат кршејќи ги стаклата на автобусот.
Тие се во стабилна состојба и по два дена ќе се вратат во својата држава. Еден од нив има скршеница, вели министерот за здравство Венко Филипче. Возачот починал на местото на настанот.
-Има информации дека во автобусот немало уште еден возач, кој морал да биде во автобусот за да се реализира патувањето од Истанбул до Македонија. Ако едниот се измори, тогаш другиот треба да го замени, додаде новинарката Патриција Кирова.
Премиерот Заев вели дека остава на бугарските власти да ги истражат причините за несреќата.
Ќе ги оставам бугарските експерти професионално да ја спроведат анализата на катастрофи“, рече премиерот Заев.
Иако медиумите објавија дека местото каде што се случила трагедијата е „црна точка“, новинарката Патриција тоа го демантира, велејќи дека се работи за нов современ автопат. Автобусот од Турција влегол во Бугарија во 21 часот, а несреќата се случила околу 2 часот по полноќ на автопатот „Струма“ меѓу Софија и Благоевград.