По подолга пауза бугарската принцеза Калина Саксобургготска (52) се појави во јавност во Софија заедно со нејзиниот сопруг Китин Муњоз и синот Симеон Хасан, а нејзината појава се најде во центарот на вниманието на јавноста.
Како што пренесуваат регионалните медиуми, таа изненадила со мускулестите раце, па се отворија бројни прашања околу тоа дали принцезата започнала да минува многу време во теретана и на што се должи големата промена во нејзиниот изглед.
Инаку, Калина е петто дете и единствена ќерка на кралот Симеон II и неговата сопруга Маргарита.
Се школувала во Шпанија, зборува повеќе светски јазици, и отсекогаш покажувала интерес за модата, уметноста и реставрација на стар мебел. Важи за член на кралското семејство кој има ексцентричен моден стил, и неретко се пишувало за нејзините впечатливи модни изданија во бугарските медиуми.
Лани беше актуелен случајот, кога под дејство на алкохол удрила во паркирано возило во Боровец, по што беше осудена на осум месечна условна казна и глоба од 200 лева.
Нејзиниот сопруг тогаш коментираше дека поради мал инцидент се кренала голема галама, само поради тоа што таа е принцезата Калина.