Вратите од автобусот не се отвориле, бидејќи претходно тој удрил во заштитната ограда при што истите ги оштетил, вака ја почнува својата хронолошка анализа на настанот, бугарскиот медиум „24 часа“.
Пожарникарите кога пристигнале се било стопено.
Четириесет и пет македонски државјани изгореа поради ситна измама, враќајќи се од патување од Истанбул, пишува порталот.
Ова е најтрагичната сообраќајна несреќа во историјата на Бугарија. Главната причина која се уште е неофицијална, но експертите цело време ја потенцираат е дека пожарот бил предизвикан од дополнителните туби со гориво кои превозникот ги наточил во Турција.
Откако автобусот удрил во заштитната ограда бензинот се запалил и пеплосал се за само неколку секунди.
Превозникот најверојатно точел дополнително гориво за да ги намали трошоците за патување, поради разликата од околу 40 денар за еден литар гориво во Турција, додека во Бугарија и Македонија чини околу 75 денари за литар, ова го тврдат главните истражители за порталот „24 часа“.
Само 15 минути пред несреќата возачот застанал да се одмори на бензинска пумпа, а според информациите на порталот автобусот во Бугарија влегол во понеделникот во 21.12 часот од граничниот премин „Капитан Андреево“.
Според ова растојанието од 304 километри тој го поминал за четири часа и 51 минута.
Во 2.03 часот возачот загубил контрола по што удрил во знак, а од таму во заштитната ограда што ги дели двете ленти, на самото место нема траги на кочење, анализира порталот.
Инцидентот го видел еден од возачите на останатите четири автобуси на компанијата Беса Транс, а потоа веднаш се јавил на 112.
По девет минути на лице место бидел три тима од вкупно 22-та пожарникари, а со нив имало и полиција.
„Затекнавме автобус целосно во пламен, а сите луѓе внатре беа веќе загинати и затоа не влеговме внатре, го изгасивме најбрзо што можеме“, вели пожарникар за „24 часа“.
Пожарникарот објаснил дека очевидците раскажале дека слушнале експлозија, но тоа може да биде и од пукање на предната десна гума на автобусот како и од ударот во заштитната ограда, додава пожарникарот.
Пожарникарот открил и дека неколку метри пред несреќата било пронајдено парче автобуска гума.
Очевидецот за пожарникарот открил и дека видел како автобусот горел пред да удри во заштитната ограда, поради тоа што истражителите извршуваат детален преглед при кој пронашле и туби во кои се пренесувало бензин, а неговото палење би го потврдиле сведоштвото на очевидците дека автобусот прво се запалил, па удрил.
Бугарските експерти анализираат и дека освен дополнителните туби со бензин, самиот автобус има нафта во резервоарот, како и хидраулично масло што предизвикуваат исто така пожар.
-Автобусот изгорел за една минута, вели пожарникарот кој раскажал дека во неговата 25 годишна пракса ваква трагедија не видел.
Од досегашната обдукција се потврдило дека во белите дробови на загинатите се најдени траги од чад кој предизвикал гушење.
Истражителите за сајтот откриле и дека возачот најверојатно не го видел работ од оградата поради светлата на автобусот кој биле валкани и нечисти.
Но, без оглед на причините за несреќата кои ќе се утврдат со вештачењето истражителите се децидни дека причина за невидената трагедија е присуството на гориво во кабината на автобусот што довело до пожар со фатални последици и тоа само за една минута, а според пожарникарите се изгорело во една минута додека не се стопил лимот.
Седумте преживеани го скршиле десното задно стакло и излегле низ него.
Загинатите биле на продолжен викенд во Истанбул на тридневно или четиридневно шопинг патување по цена од 78 евра за ноќевања во хотел со четири ѕвезди или за 99 евра за хотел со пет ѕвезди.
Ваквите екскурзии во последно време станаа популарни на Балканот поради евтината турска лира, а токму затоа најдобра дестинација е токму Турција.