Бугарскиот кандидат за пратеник за последните избори во Бугарија, Христо Кацаров (32) си го одзел животот откако неколку дена претходно во странство ја загушил својата девојка Елена Ганчева (30).

Мажот и неговата девојка, која работела во Европол биле на одмор во Холандија. Таму се скарале и Кацаров ја усмртил.

После тоа се вратил во Бугарија, а кога полицајците се обиделе да го приведат, тој си го одзел животот. За таа цел употребил пиштол во легална сопственост.

Бугарски blitz.bg пишува дека истражителите во Хаг се прашуваат кој бил мотивот на 32-годишниот Кацаров за страшниот чин. Едната верзија е љубомора.

– Во прилог на оваа претпоставка е и фактот дека Елена Ганчева имала паралелна врска со друг маж и го одбила предлогот за брак на Кацаров. Ова буквално го налутило и ја задавил.

Кацаров (32) беше кандидат за ГЕРБ на изборите на 14-ти ноември. Тој беше на последното 28 место на листата.