Бугарските медиуми вечерва пишуваат дека маките за бугарските навивачи почнале уште на граница со крајно темелни проверки.
Според БНТ, повеќе од 1.500 навивачи биле задржани на околу 200 метри од стадионот без да можат да купат храна или вода. Навивачите, исто така, биле детално претресени при влегувањето на стадионот, при што полицијата конфискувала предмети како телефонски слушалки и монети.
– Не ме пуштија бидејќи не можам да влезам со слушалки за телефон. Никогаш не ми се случило, со „Левски“ одам секаде на гости, тоа не се случило во ниту една европска земја. Не ни дадоа да јадеме, немаше вода, по некое време дојдоа некои момци и продаваа храна и вода по луди цени, што беше потсмев, изјави Бугаринот Стојан Колев за БНТ.
Поради нередите има десетина приведени, а на теренот – „Левски“ го победи „Шкупи“ со 2:0.