Голманот на бугарската репрезентација Николај Михајлов, после натпреварот со Македонија се пожали дека цел меч му се вртело во глава, откако Барди го удри со топката во глава во првиот дел. Чуварот на мрежата на Бугарија доби „нокаут“ со топка, по силен удар на македонскиот репрезентативец.

Тој кажа дека не се чувствувал добро после тој настан и дека цел меч бранел со вртоглавици.

„Не се чувствувам добро, топката ме удри во брадата, ми се вртеше во текот на целиот натпревар. За жал не успеавме да ја сочуваме мрежата. Во многу моменти им дозволивме да имаат иницијатива, нам ни падна интензитетот“, рече Михајлов.

Потоа коментираше и за натпреварот за кој рече дека не е разочаран.

„Да бидам искрен, не сум разочаран. Очекувањата беа победа, но јас гледам реално на ситуацијата. Имавме позитивни работи, добар резултат, и сега мораме да се опоравиме и да ја победиме Грузија“, рече Михајлов.