Силно го осудуваме признавањето од страна на Русиjа на украинските области Доњецк и Луганск како независни, напиша Бујар Османи, министерот за надворешни работи, на својот Твитер-профил.
„Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Северна Македонија уште еднаш ја искажува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, стои во постот на министерот Османи.
We strongly condemn the recognition by 🇷🇺 of the 🇺🇦 areas #Donetsk & #Lugansk as independent. Such acts represent a severe violation of international law.🇲🇰 reiterates its unequivocal support for sovereignty & territorial integrity of #Ukraine @DmytroKuleba
— Bujar Osmani (@Bujar_O) February 21, 2022