Фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ редовно е дотерана кога доаѓа на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, а после последното издание сите ги коментираат нејзините очила за сонце во форма на пеперутка.

Таа секогаш носи скапи парчиња брендирана облека, а овојпат носеше очила на познатиот моден бренд „Валентино“, кои чинат дури 529 евра.

Овојпат Цеца се одлучи за малку „помирна варијанта“ за остатокот од аутфитот – црн тесен мини фустан, блејзер и црни лакирани чизми до колена.

Да потсетиме, Цеца од оваа сезона е постојан член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, наместо поп ѕвездата Јелена Карлеуша.

– Во овој момент можам да кажам дека ни претстојат три добри години кои ме врзуваат за овој проект. Сакаме заедно да ги прославиме во најдобро можно светло – изјави пејачката пред неколку месеци.

📸

📸

📸