На српскиот форим „Ана.рс“ деновиве се разви дискусија која веднаш привлече многу внимание на друштвените мрежи. Станува збор за оженет маж, кој се „заљубил во ангел“, а потоа приказната се комплицира…

Вака тој го претставува овој случај:

-Помагајте жени. Дајте совет. Оженет, 6 години во брак, 2 деца. Одлепив по еден русокос ангел. 6 месеци траеше аферата. Иронично е што јас барав прекин, но не конкретно, туку сакав се да заврши за таа да не биде повредена. Ја чекав нејзе, таа да прекине. И се случи, прекинавме. Два дена бев нормален. Веќе 2 месеци не знам како се викам. Легнувам и станувам со неа во главата. Совет? Малку звучам патетично. Но, се распаѓам! Што да правам?, прашува тој и продолжува да ја објаснува својата состојба.

-Кон сопругата чувствувам почит бидејќи е мајка на моите деца. „Љубовницата“ не сака повеќе да продолжиме така, затоа прекинавме. Ништо не сум ветувал. Ни беше фантастично првите 3-4 месеци. И одеднаш и „удри“ нешто во главата, или хормони или нешто поголемо од тоа. Да ја цитирам: „те сакам само за себе“. Децата ги сакам повеќе од животот, но како да објаснам. Во емотивниот дел не се на исто место децата или жената/жените. Никако. Јас барам совет како да ја преболам љубовницата.

Тој ангел е слободен, не е мажена, сака брак со мене, деца, се… Но јас во суштина сакав таа да прекине со мене, бидејќи искрено не знам дали сум подготвен на тоа. Мислев дека ќе биде лесно. Прекинување и тоа е тоа. Меѓутоа… ужас. Ме дела 10 минути да одам до психијатар за да ми даде совет. Ми недостасува секој ден. Секоја минута. Само таа ми е во главата. Не верував дека можам на 35 да одлепак за девојка толку многу. Никогаш. Не сум некој „шмекер“. Но имав и пред бракот и за време на бракот некои „ситни комбинации“. Но ова? Влезе и не може да излезе еве речиси еден месец. Се распаѓам, вели овој маж.

На советите на форумот да се разведе, тој вели вака:

-Да, лесно е тоа да го кажеш. А што ќе им каже мајка им? Зошто се без татко? Поради некоја друга тетка. Малку е дегутантно. Јас барам совет како да ја исфрлам од глава и да ја преболам, а не да се разведам. Многу е тешко. Вие жените не ги разбирате мажите очигледно…

Следеа и саркастични совети и коментари:

-Делуваш како одлична прилика со тие комбинации за време на бракот, уште повеќе со две мали деца и (наскоро) бесна поранешна сопруга. Просто не знам зошто ангелот побегнал. Паметна девојка.

-Што се однесува до сопругата, и таа веројатно би се развела кога би знаела што правиш. Во секој случај, татко треба да бидеш и ако се разведеш, и тоа не викенд татко- го советува една форумџика.