Спасувачките екипи попладнево конечно ископале тунел и стигнале до петгодишното момче од Мароко кое четири дена е заглавено во бунар.
Според неофицијални информации, Рајан Аврам е жив и состојбата од критична преминала во стабилна, а лекарскиот тим кој е со него во бунарот сега го подготвува за транспорт во болница.
Целиот свет со денови гледаше како спасувачите прво со тешка механизација, а последните неколку метри со голи раце копаат тунел паралелно со бунарот за да стигнат до момчето кое, според неофицијални информации, наводно се здобило со повреди на главата и кичмата.
Од површината му беа доставувани кислород и вода. Момчето наводно било неподвижно кога конечно стигнале до него.
Официјално се уште нема информации за неговата состојба, како и за крајот на спасувачката операција.