Посинокот на српскаta пејачка Јелена Марјановиќ, Урош заедно со својот татко Зоран се појави гробиштата на кои е погребана пејачката, за да ја одбележат петтата годишнина од смр**а на Јелена.

Урош можевме да го видиме во медиумите во таа кобна 2016-та година, кога имаше само седумнаесет години, а денес веројатно многуммина дури и не би го препознале, бидејќи тој драстично го смени својот изглед, според она што можете да го видите на фотографијата подолу.

Да потсетиме, Урош пред медиумите зборуваше за неговиот однос со пејачката, кога рече дека Јелена никогаш не направила разлика помеѓу него и малата Јана, како и дека никогаш не ја гледал Јелена како маќеа или жена поради која неговиот татко се развел со мајка му.

Да потсетиме, Зоран Марјановиќ од првиот брак го има синот Урош, додека од вториот брак со пејачката Јелена Марјановиќ ја има ќерката Јана, која имаше само четири години кога ја изгуби мајка си на најсуров можен начин.