ссосетка насилно му влегла во куќата. Таа прво тропнала на вратата, а потоа го нападнала кога ја отворил.
Сосетката му ја искинала маицата што ја носел и се обидела да го задави, по што таа се вратила во куќата.
Актерот повикал полиција и итна помош, но за среќа не се здобил со тешки телесни повреди, па не бил пренесен во болница, пренесува американскиот портал ТМЗ.
Иако актерот тврди дека не знае што го предизвикало инцидентот, ова не е првпат да се случува вакво нешто.
Само ден претходно истата жена фрлила ѓубре пред неговата куќа. Исто така, Чарли Шин верува дека истата жена неодамна му го испрскала автомобилот со леплива течност. Тогаш актерот разговарал со проблематичната жена, а разговорот, како што пренесуваат медиумите, завршил мирно, со ветување дека повеќе нема да има конфликти. Со други зборови, актерот не ѝ држел лутина на проблематичната жена, па ѝ го простил инцидентот со автомобилот.
Сосетката на крајот била уапсена во нејзиниот дом и обвинета за напад со смртоносно оружје и кражба, затоа што насилно влегла во домот и го нападнала актерот.