Четворица малолетници, две момчиња и две девојчиња, попладнево во безсознание и со повреди по телата биле пронајдени во куќа во Скопје. Децата, кои се на возраст од 14 до 17 години, во моментот се на лекување на Клиниката за Токсикологија. Две од децата се во добра здравствена состојба, другите две се испратени на дополнителни иследувања, објаснува за Телма директорот на Токсикологија професор доктор Андон Чибишев.
НА УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА СЕ ДОНЕСЕНИ 4 МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА ВО ИСКЛУЧИТЕЛНО ТЕШКА ОПШТА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА. СЕ РАБОТИ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ НА ВОЗРАСТ ОД 14 ДО 17 ГОДИНИ, ДВЕ МАШКИ И ДВЕ ЖЕНСКИ. ВЕДНАШ СЕ ОПСЕРВИРАНИ ОД НАШАТА ДЕЖУРНА ЕКИПА И ПОЧНАТО Е СО СООДВЕТНА ТЕРАПИЈА И КЛИНИЧКИ ИСПИТУВАЊА. ПРИМЕНИ СЕ ВО ОДДЕЛОТ ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА И ЛЕКУВАЊЕ. ДВЕ ОД ДЕЦАТА СЕ ДО СЕГА ПРИЛИЧНО СТАБИЛИЗИРАНИ, ЗАТОА ШТО БИЛЕ И СО ПОРЕМЕТЕНА СВЕТ, СИТЕ ЧЕТВОРИЦА, А ДРУГИТЕ ДВЕ ДЕЦА СЕ ПРАТЕНИ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИСЛЕДУВАЊА, КОИ ШТО СЀ УШТЕ ТРААТ И НЕ СЕ ЗАВРШЕНИ, ИЗЈАВИ ЗА ТЕЛМА Д-Р ЧИБИШЕВ.
Од МВР за Телма информираат дека денеска полициски службеници од СВР Скопје по пријава за нарушен јавен ред и мир утврдиле дека во куќата на 40-годишниот Д.Г. имало четири деца од кои две биле во бессознание и тие консумирале алкохол и психотропни супстанци. На терен е излезен и јавен обвинител.
ИМААТ ПОВРЕДИ ПО РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ. НА ДВЕ ОД ДЕЦАТА СЕ ПРАВАТ КЛИНИЧКИ ИСПИТУВАЊА ЗА ДА ВИДИМЕ ДА НЕ ИМААТ ПОСЕРИОЗНИ ПОВРЕДИ НА ГЛАВАТА, НА ГРАДЕН КОШ, НА СТОМАКОТ. ТИЕ РЕЗУЛТАТИ НЕ СЕ ГОТОВИ, РЕЧЕ Д-Р ЧИБИШЕВ.