Пријателот на Иво Ковачевиќ, таткото на Маријана Сејферт, Томо Зелиќ, кој работи со него, ја коментира актуелната ситуација.

„Му реков дека се ќе биде во ред. Но, знаете како е за еден родител да поминува низ ова, тоа е еден голем шок! Воопшто не им е лесно, се може да се мисли, има разни теории… Од тоа што Маријана намерно ги оставила документите и потоа продолжила, или дека се случило најлошото. А можеби наишла на некој што и нанел некоја штета“, рекол пријателот на Иво.

„Иво е изгубен во сето ова. Го мисли најлошото и не се надева на најдоброто. Го гледам тоа на него. Сите негови бродови потонаа. Штом се најдени овие документи на тој мост, тоа не укажува на ништо добро“, додава Томо за „Слободна Далмација“.