Ќе се врши обдукција на починатото женско тело кое завчера беше пронајдено во водите на Вардар кај Зелениково.

– На 09.01.2025 во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во село Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон село Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки, соопштија од полицијата вчера.

Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.

Неофицијално, се претпоставува дека телото е на некоја од жените кои последниов период беа пријавени за исчезнати во Скопје, објави порталот Скопје инфо.