Јован Радуловиќ го насмеа до солзи најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по посетата на манастирот Острог го посети и Жабљак каде се сретна Јован Радуловиќ, комичар од Подгорица, попознат по прекарот Јоџир.

Човекот, кого на Инстаграм го следат повеќе од 100.000 луѓе, ги засмејува со вицови своите следбеници, кои често ги кажува во своите видеа.

View this post on Instagram

A post shared by Jovan Radulovic (@jodziir)

Оној за Федерер и Надал му го кажа и на Ноле, кој слатко се насмеа, па Јован преку ноќ се најде во центарот на вниманието на јавноста.

Јован е од Подгорица, од населбата Забјело, во младоста се занимавал со карате и џудо, а инаку е професионален тренер, но на социјалните мрежи рази и еден вид бизнис благодарение на вицовите и хуморот.

Во снимките често му помага сопругата Ирена, која е новинарка, а на Инстаграм ја следат и голем број луѓе и се истакнува со својата убавина.

View this post on Instagram

A post shared by Jodzijewa zena (@irenaradulowic)

„Уште од мал тренирам карате долго време, отсекогаш сум бил таков да почнам нешто, некоја шега, еден виц, друг виц… измислувам многу вицеви, нешто ми доаѓа во глава и правам виц. А и доста луѓе ми праѓаат вицеви, па ги обработувам и прераскажувам како што мислам дека треба, откри пред извесно време за порталот Mondo.me.