„Седам на фотелјата и размислувам каде ќе одам на лов за викенд. Кога во моментот слушнам шкрипење на тркала пред продавницата. Црно БМВ. И тој директно од колата во мојата продавница. Гол до појасот. Крвав. Со пиштол во рака. Ми вели – дај ми ја целата муниција од 9 мм. Секунди беа тоа. Размислувам што да направам и ми текнува- ќе му дадам почетна муниција. Му дадов шест кутии. Ги зграпчува и излегува. На излезот испадна една кутија. Крвава остана“. Вака Хасан Јашаревиќ од Градачац ја опиша средбата со убиецот Нермин Сулејмановиќ.

„Ќе продолжам да убивам“, изјави Нермин Сулејмановиќ во „Во живо“ откако во петокот во Градачац уби три лица и рани уште тројца. Но, продолжувањето на неговиот крвав поход го спречил Хасан Јашаревиќ, седумдесет и седумгодишен продавач во продавницата „Рибо Ловац“ во Градачац. Му подвалил на убиецот „ќорци“. Но, кога убиецот сфатил, веќе било доцна. Припадниците на МУП веќе го опколиле, па го испукал последниот куршум во слепоочницата.

„Кога упадна во продавницата не се плашев. Јас сум логораш. Бев во логорот Шамац и логорот Батковиќ. Не еднаш ме изнесоа на стрелање. Веројатно тоа искуство беше пресудно за да го измамам со муниција“, вели Јашаревиќ во интервју за Istraga.ba.

Кога останал без муниција, отишол во продавницата Рибо Ловац во центарот на Градачац.

„Мојата внука беше пред продавницата. Тој помина покрај неа и влезе во продавницата. Го впери пиштолот во мене и ми побара муниција“, раскажува Хасан Јашаревиќ.

Кога излегол убиецот, Хасан ја заклучил продавницата и отишол во станот горе.

„Дури тогаш почувствував страв. Видов дека внуката е ок. Ја заклучив вратата од станот и ја наполнив ловечката пушка со ситна муниција. Се плашев дека кога ќе сфати дека му подметнав муниција, ќе се врати и ќе ме убие. Не знаев колку куршуми има“.