Маргарита Базиљук е шампионка на Русија во скокање во уметничко лизгање.

Веста сама по себе не е толку интересна, освен ако не се додаде дека девојчето Маргарита е родено во 2011 година и има само 13 години.

Уметничката од школата на познатата Етери Тутбериџе освои 70,29 поени. На нејзината доминација укажува и тоа што второпласираната освои 57,89 поени, а третопласираната 54,69 поени.

Посебно впечатлив е четирискокот кој во два наврати го изведе младата натпреварувачка, што предизвика сензација кај љубителите на уметничко лизгање.

Четирискокот е еден од најтешките елементи во уметничкото лизгање и е енигма дури и за многу постари шампиони.