Близначки се родиле на новогодишната ноќ во Сплит.
Мајката родила две ќерки во сплитското породилиште. Едната е родена минута пред полноќ, а другата минута по полноќ. Префектот Блаженко Бобан денеска ги посети бебињата и нивната мајка и им подари подароци.
Далмација Данас пишува дека породувањето поминало добро.