Густиот чад што се издигаше над Градскиот парк во Скопје ги вознемири граѓаните од околните згради кои и реагираа до редакцијата.

А1он објави дека за малку е избегната трагедија во скопско Дебар маало, каде по третпат се палат исти контејнери. Овојпат, палењето се случи среде бел ден. Прво пристигна полицијата, а потоа и противпожарните возила.

Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје информираа дека станува збор за пет пластични опожарени контејнери поставени еден до друг кај кружниот тек во Дебар Маало, на улицата „Коле Неделковски“, при што од топлината било оштетено возило „мазда“ кое било паркирано во близина, но не било опожарено.

Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран.

Како што објасни командантот на Бригадата за противпожарна заштита Ѕвонко Томески дојавата за пожарот била во 11 часот, по што едно возило со 4 пожарникари веднаш излегле на терен и не дозволиле пожарот да се прошири.

Сеуште не се познати причините за пожарот.