По тешко боледување вечерва на 67 -годишна возраст почина музичкиот текстописец Марина Туцаковиќ.

Таа напиша бројни хитови за најголемите sвезди од музичката сцена на поранешна Југославија, како на Здравко Чолиќ, Тоше Проески, Индира Радиќ, Северина, Нина Бадриќ, Неда Украден, Аца Лукас и уште многу други. Таа беше член на жирито во музичките шоуа „Операција триумф“ и „Пинкови sвездички“.

Иако многумина веруваа, вклучувајќи го и синот на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ- Лача, дека таа ќе успее да победи во тешката битка, сепак за жал тоа не се случи.

Целата сцена е во жалост, а Лања се огласи на социјалните мрежи по повод смртта на неговата мајка.

Марина за жал почина, а нејзиниот син објави фотографија во која опишува целосна темнина на својата приказна на Инстаграм.

Милан немаше сили да напише неколку зборови, а само неколку часа пред тоа, Радуловиќ на својот Твитер профил објави статус во кој вели дека повеќе нема да дава изјави за медиумите додека Марина не биде подобра.

Марина е родена на 4 ноември 1953 година, во Белград. Нејзиниот живот го одбележаа бројни среќни, но и болни моменти, а сите тие ги живееше со поддршка и љубов на сопругот Александар Фута Радуловиќ.

На почетокот на 2018 година, и беше дијагностициран малиген тумор на дојката, по што наскоро била оперирана, но не успеа да крај да ја победи болеста.

Радуловиќ за спрските медиуми ја потврди веста за нејзината смрт.

– Вистината е. Не ме прашувај ништо. Ви благодарам за разбирањето – изјавил Радуловиќ

По некои охрабрувачки вести во последно време, дека нејзината здравствена состојба се подобрува, следеше најтажната – Марина не успеа да се справи со болеста.