Сме виделе дека борбата за крстот на Водици знае да излезе надвор од рамките на она што е христијанството, ама Бугарите ептен излегоа од тие рамки.

Не само што го повторија фрлањето поради тоа што девојка го фати, него направија нешто многу понехристијански.

Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Традиционално, во водите во градовите и другите населени места низ Македонија ќе бидат фрлени крстови.

Секоја година сведоци сме и на видео снимки кои редовно ги ставаме во категоријата срам и блам за Водици.Па во очекување на нови видео снимки оваа година, ви презентираме едно кое ни доаѓа од соседна Бугарија.

Видето неодамна е објавено на YouTube, но нема информација кога се случило ова, освен што се знае дека е во Ботевград.

Погледнете…