Дали Демократската унија за интеграција и нејзиниот лидер Али Ахмети денеска меѓу редови најавија можен бојкот на претседателските избори во вториот круг?
Ова прашање со право го поставуваат некои политички експерти, откако денеска претседателот на интегративците ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик претседател со две третини од гласовите, односно со двојно мнозинство, според Бадентер.
После ова јавно обраќање на Ахмети, дел од познавачите на политичките состојби во земјава се прашуваат дали ДУИ може да се случи ДУИ да го условува цензусот за избор на претседател на државава со измена на процедурата и избор на претседател во Собрание, со „2/3 плус со двојно мнозинство“ и да има исто така функција заменик претседател на државата, а што пак, би се направило заедно со уставните измени за Бугарија.
Како што е познато, цензусот за избор на претседател на државата е 40 отсто од вкупниот број избирачи во вториот круг од претседателските избори, поради што се поставува прашањето дали излезноста ќе биде исполнета доколку има бојкот од албанскиот политички кампус.
А, еве што конкретно кажа Ахмети.
„Ве поканувам да ни се придружите на најважниот референдум во тоа време. Кажете „не“ на Русија, „да“ на Европа! Ајде да избереме претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите и двојно мнозинство Бадентер. Бујар треба да ја очекува оваа промена што ја бараме и во нашата програма за 2016 и 2020 година. Отворањето на Уставот за случајот на претседателот ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција“, рече Ахмети на денешното обраќање.
Тој ги повика граѓаните тогаш кога ќе се отвори Уставот заради Бугарите, да се внесе и измена со која граѓаните ќе избираат претседател и заменик-претседател во Собранието со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство, според Бадентер.
Според него, шефот на дипломатијата Бујар Османи ја очекува оваа промена што ја бара ДУИ уште од политичките програми во 2016 и 2020 година, практично најавувајќи дека ДУИ него ќе го кандидира за претседател и во иднина ќе бара воведување функција заменик-претседател. Според Ахмети, отворањето на Уставот за ваков избор на претседател ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција.
И Арбен Таравари вчера рече дека ќе се залага за три промени на Уставот: внесување на Бугарите, отстранување на „20 отсто“ за албанскиот јазик и претседателот да се бира во Собранието, а не преку директни избори.