Професорот по геологија, Ефтимис Лекас, во изјава за грчките медиуми, вели дека „се уште не се знае дали ова е главниот земјотрес, но го следиме. Засега нема штети од земјотресот“.

Според Лекас, „земјотресот доаѓа од познат расед кој нема потенцијал за посилен земјотрес. Веќе има три последователни потреси и во следните неколку часа ќе има сеизмичка активност во оваа област“.

Градоначалниците на Лерин и Преспа, вечерва одлучија дека градинките и училиштата во овој дел на Грција утре ќе бидат затворени, од превентивни и безбедносни причини поради земјотресите.

Оваа одлука доаѓа по силниот земјотрес од 5.5 степени кој вечерва ја погоди северна Грција.

Земјитресот силно се осети и во Македонија, посебно во битолскиот регион. На повеќе куќи и станбени објекти во Битола има оштетувања, од кров на зграда паднале керамиди.

-Граѓани ме информираат дека има испукани ѕидови во зградите, известува новинарката на Телма Емилија Мисирлиевски.

Жители на Битола по отворените тобако трафики на улицата Партизанска и на булеварот Први мај купуваат вода и други продукти.