Сите ве уверуваат дека практично е невозможно девојката да остане бремена доколку односот без заштита е прекинат на време, но одговорот на прашањето „Дали девојката може да остане бремена од предсемената течност“ е – ДА.
Предсемената течност може да содржи сперма, што значи дека жената може да остане бремена дури иако целокупната ејакулација не се случува во вагината.
Предејакулационата течност е чиста, безбојна и се ослободува за време на сексуалното возбудување. Слична е на семената течност, но со значајни хемиски разлики.
Прекинувањето на сексуалниот чин, односно вадењето на машкиот полов орган од женскиот пред оргазмот е најстариот контрацептивен метод. Меѓутоа истиот не пружа стопроцентна заштита од несакана бременост, а воедно не штити од полово преносливи болести.
Доколку навистина сѐ уште не сакате деца, најдобро е да се одлучите за некоја посигурна метода на контрацепција.