ОБНОВЕНО (5-ти мај): ЛАЖНА Е ФОТОГРАФИЈАТА ДЕКА КОСТА К. ИМИТИРА ПИШТОЛИ СО РАЦЕТЕ СО КОЈА НАВОДНО ГО НАВЕСТИЛ МАСАКРОТ

Момчето (13) кое изврши страшно злосторство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар не се фотографирал со другарите во пресрет на неговиот крвав пир, туку станува збор за жална фотографија која беше првично објавена во српските медиуми.

Иако беше објавено дека на последната објавена фотографија објавена на неговиот Инстаграм наводно Коста К. „имитира“ пиштоли со прсти, фотографијата е стара неколку години и на неа не е прикажан Коста Кецмановиќ.

– Прво, фотографијата ја најдовме на Пинтерест, страница од која секој слободно може да симне фотографии. Под фотографијата закачена од извесен профил “Manga anime…”, може да се забележи коментар од пред две години. Откако фотограффијата стана актуелна, ширејќи се како фотографија од Коста Кецмановиќ, може да се забележат и други понови коментари под неа, во кои прашуваат кое е момчето од левата страна, на што следи коментар, „сигурно не е Коста“, објави Проверка на факти.

Вистиномер ја најде фотографијата од момчето и на Јандекс, страница за пребарување фотографии.Фотографијата може да се види на објави на полски јазик од јуни 2022 година.

📸