Поранешниот началник во Министерството за внатрешни работи, Љубомир Ѓурчевски во Аргумент плус рече дека судот во претходните судски постапки кои се воделе против Васил, момчето кое ја изгази Фросина на пешачкиот премин на Партизански одреди, постапил според Закон бидејќи како што објасни тој постари малолетници во кривичната постапка се лица до 21 година
Според него, судот во тој период ги оценил сите елемнти и заклучил дека со праќање во Казнено-поправен дом осудениот ќе се ресоцијализира но и на таков начин ќе се превенираат ваквите идни постапки.
„Не можеме да ги обвинуваме бидејќи постапиле според Закон. Според мене ако имало затајување на некој од предметите тогаш требало да ги осудуваме. Мислам дека требало да направат и психолошко вештачење во тој период бидејќи тоа е особено важно за малолетници кои биле во контакт и со дрога и со алкохол и требало да утврдат дали имало потенцијал за некакви растројства. Не знаеме дали го направиле тоа или не но ако го направиле сметам дека ќе имало и други мерки за лечење“, изјави Ѓурчевски и додаде дека медицинските вештачења во ваквии ситуации се најважни.
Тој потенцираше и дека лицата кои направиле прекрошоци во сообраќајот а биле под дејство на алкохол треба да добијат повисоки санкции.