Јане Мицевски, претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, е назначен од скопската градоначалничка Данела Арсовска за директор на јавното комунално претпријатие – депонијата „Дрисла“.

Мицевски беше носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Сопиште, а од денеска ја превзема депонијата на местото на Коста Начевски, кој беше назначен од претходниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

Шилегов во 2020 ја врати „Дрисла“ под владение на Град Скопје, откако претходно беше под концесија управувана од италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“.