Капитенот на данската фудбалска репрезентација Симон Кјаер покажа дека е вистински капитен и со храбрата и одлучна реакција му го спаси животот на Кристијан Ериксен.

Веднаш откако Кристијан Ериксен колабираше на теренот, Симон Кјаер пријде, му го извади јазикот за да не се задуши, по што лекарите почнаа да го реанимираат.

„Кристиан беше практички мртов, неговото срце застана. Не знам како успеавме да го вратиме во живот. Се се случи многу брзо, а најмногу помогна брзата реакција на Кјаер. Симон му го спаси животот на Кристиан. Јас не сум кардиолог и не знам детали, за тоа ќе кажат специјалистите“, изјави докторот на данската репрезентација, Мортен Боесен.