За време на гостувањето во една ТВ-емисија, фолк-пејачот Дарко Лазиќ откри дека ослабел вкупно 95 килограми, благодарение на операцијата за смалување на желудникот, и дека сега се соочува со друг проблем.

Секогаш бев крупен и склон на дебелеење. По сообраќајната несреќа поминав седум месеци во количка и не се движев. И пред несреќата бев дебел, но никогаш не надминав 120 килограми“, раскажа пејачот во утринската програма на ТВ „Хепи“, и додаде:

Ослабев вкупно 95 килограми, а најмногу имав 165 килограми. Успеав со операцијата за намалување на желудникот. Една година подоцна можам да јадам се’, но проблемот е во тоа што не можам. Ќе каснам два-три залака и веќе сум најаден. Не можам да изедам повеќе од тоа“, заклучи Дарко.