Во тешка сообраќајна несреќа во неделата околу 11 часот на магистралниот пат недалеку од Ѓаково загина Давор Б.(33) од Потњани. Како што соопштија од Полициската управа Осиек-Барања, возач на приватен автомобил на патот меѓу Сатница Ѓаковачка – Потњани излетал од патот и останал мртов на лице место.
Давор имал свадбена веселба претходната вечер, која траела до раните утрински часови. Како што дознава 24сата, Давор со години живее со сопругата Мартина со која има пет мали деца, а наскоро треба да се роди уште едно.
Пред неколку години се венчаа пред матичар, а сега решија да направат свадба, да го прослават скорешното раѓање на шестото дете и куќата која ја купија во Потњани и во која се вселија. Давор се гордееше што куќата ја купи сам со заработените пари, со својот труд и жртва.
– Инаку, Давор е од Ѓаково. Тој е многу вреден. Работеше се што знаеше и се снаоѓаше. Во текот на летото продаваше лубеници. Се снаоѓаше за да ги прехрани децата. Тие двајца беа многу скалден и убав пар. Мартина воглавно е во куќата со децата. Се шокиравме од веста дека настрадал. Веројатно кутриот од замор изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот. Сирота таа млада жена сега и тие дечиња. Треба некако да им се помогне, раскажуваат мештани на Потњани, каде сопружниците Давор и Мартина се доселиле пед неколку години.
Ќе организираат собирање парична помош за семејството и децата од кои најстариот има само 10 години, пренесува 24 сата.