Од Турција тргнале 4 автобуси. Во различен период ја минале границата со Бугарија бидејќи дел до патниците инсистирале да одат на шопинг. Ова е причината зошто конвојот се раздвоил и патувал со задоцнување од 20-тина минути и немало кој да му пружи помош на несреќниот со реден број 3, автобус кој изгоре. Деталите на обвинителите за кобното патување им ги открил сопственикот на „Беса Транс” кој бил еден до возачите на вториот автобус, а со себе го водел и семејството во Турција.
Ова за Телма го раскажа обвинителката на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК), Вилма Русковска.
Всушност сопственикот бил и како втор возач. Кажа дека овој автобус возел позади нив. Значи тие веќе биле стигнати на граничниот премин во Бугарија, по излегување од Турција, а овие биле еден или два автобуси позади нив. Тогаш ми кажа дека тој и сопругата биле во тој вториот автобус, додека пак во четвртиот биле неговите деца, рече Русковска.
Според неа, сопственикот бил видно вознемирен и потресен.
Го прашав дали носеле резервни канти со гориво, вика нема шанси тоа да се случило, вели Рускоска која додава и дека го прашала за патниците дали е можно тие да носеле нешто, но сопственикот бил дециден дека не се случило тоа.
Беким Хаџиу е распитан заедно со уште осуммина лица поврзани со фирмата и работењето на Беса Транс, документација која македонските истражители ја испорачаа на колегите од Бугарија.
Хаџиу негирал дека причините за пожарот се поврзани со возачите на автобусите и патниците во нив.
Бугарските истражители им наредија на експертите да ја анализираат трасата на автомагистралата Струма, а и по 6 дена се уште е затворена десната страна на патот.
Додека се прават хемиските и машинските анализи, позитивните вести за преживеаните, но повредени патници стасуваат и од болниците од Софија, но и од клниките во Скопје.
Во Бугарија, пак, денеска стаса и двајцата експерти од институтот за судска медицина кои веќе се дел од операцијата за ДНА идентификација на настраданите откако заврши обдукцијата минатата недела, а се очекува до крајот на оваа седмица, телата да бидат предадени на роднините.
Додека Бугарија трага по причините за несреќата, јавното обвинителство во земјава најави обемна истрага околу малверзациите и пропустите со работењето на „Беса транс” која е пломбирана и остана без лиценца, а првично се докажа дека 135 пати кобниот автобус ги минувал границите без извод од лиценца.