Дејан Драгијевиќ (50) синоќа на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Зајечар признал дека ја задавил Данка Илиќ, дознава „Блиц“.

Според информациите со кои располагаме, распитот на Дејан Драгијевиќ синоќа траел повеќе од 2 часа.

Тој во обвинителството откри дека имал помагачи да го извадат телото на Данка Илиќ од депонијата.

– Рече дека татко му и брат му помогнале да се ослободи од телото – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.

Како што пишувавме, Срѓан Јанковиќ се бранеше молчејќи. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се уапсени таткото и братот на убиецот Драгијевиќ.

– Срѓан Јанковиќ се бранеше молчејќи. За разлика од него, второосомничениот Дејан Драгијевиќ речиси два часа детално разговарал за тоа што се случило. Тој раскажал дека откако ја удрил автомобилот, малата Данка паднала, а тој истрчал од совозачкото седиште,се приближил кој девојчето и веднаш почнал да ја дави со голи раце. Со сета сила и го стиснал вратот и таа многу брзо престанала да дише, според негова проценка. После тоа и го ставиле телото во багажникот, па се оддалечиле и го фрлиле на депонија – неофицијално се дознава од обвинителството.